(ФОТО) Спасовски: Стратегијата е за слободен избор

Од:

Членови од високото партиско раководство на СДСМ трети ден во Охрид разговараат со младите социјалдемократи, кои дадоа поддршка на Стратегијата за вонинституционално дејствување на опозицијата.

„Се разгледуваат начините и формите за вклучување на младите во активностите на СДСМ и на опозицијата, што имаат конкретна цел, враќање на слободата и на демократијата во земјава.

Денес е тешко слободно да се изразуваш и да дејствуваш. Но, одговорност и зрелост е да се бориш за сопствената татковина и нејзината иднина. Социјалдемократскиот сојуз е втемелувач на современата македонска држава и борбата за демократија ќе ја продолжиме во тој дух, како одговорна партија кон својата земја. Без демократија нема слобода, нема слободен избор. Затоа велиме, Стратегијата е за слободен избор“, рече генералниот секретар Оливер Спасовски.

Oliver 2

Спасовски, на дебатата денеска, со членовите на СДММ, ги презентираше идните политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија што се во насока на обезбедување услови за организирање и спроведување на слободни, фер и демократски избори во Република Македонија.

Вчеравечер, младите социјалдемократи дебатираа со потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на тема „Младински активизам”. Потпретседателот Манчевски ги слушна нивните предлози за младинско дејствување и вклучување на младите луѓе во земјава, во борбата за демократија и подобар живот, што ќе бидат разгледани од страна на партиските органи.

„Младите масовно ја напуштаат Македонија, а СДСМ е должна да го спречи егзодусот што и се случува на оваа земја“, посочи потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Damjan 3

Денеска завршува традиционланиот летен камп на СДММ.  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе продолжи во континуитет да ја промовира социјалдемократската идеја низ другарување, учење и споделување, за враќање на базичните темели на општеството, слободата, еднаквоста и демократијата.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он