ФОТО: „Сојузот за иднината“ вечерва го одржа својот предизборен митинг во Битола

Од:

Вечерва на плоштадот Магнолија, во еуфорична атмосфера, „Сојузот за иднината” го одржа својот предизборен митинг во Битола.

sds miting bitola (2)

На митингот најпрво беа промовирани кандидатите за советници и носителот на листата Васко Ковачевски. Тој прв се обрати пред битолчани и вети дека како идна власт во Советот нема да бидат како сегашната – неми послушници и гласачка машина, и дека ќе работат за доброто на народот.

sds miting bitola (3)

Прет присутните зборуваа и Горан Милевски од ЛДП, претседателот на НСДП, Тито Петковски и лидерот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски.

sds miting bitola (4)

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Менде Диневски, зборуваше дека има тим од чесни и домаќини луѓе, со кои заедно Битола ќе ја направат поубаво место за живеење и на битолчани им вети европска Битола.

sds miting bitola (5)

Во својот говор го повика и актуелниот кандидат и градоначалник Владимир Талески на дуел за да ги расчистат сите лаги што биле кажани низ медиумите.

sds miting bitola (6)

Последен пред битолчани се обрати претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, кој најави дека победата ќе започне од Битола и го промовираше Менде Диневски како иден градоначалник на Градот на конзулите.

sds miting bitola (7)

sds miting bitola (8)

sds miting bitola (9)

sds miting bitola (10)

sds miting bitola (11)

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме