Црвенковски: Сите заедно да победиме за нашата Македонија!

Од:

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на вечерашниот митинг на Сојузот за иднината во Битола им се заблагодари на граѓаните што цела зима беа на бедемот на демократијата бранејќи го најмилото – слободата и демократијата во Македонија.

Отпорот продолжува така како што се договоривме, како што се заколнавме, одиме до крај, до конечна победа! Немаме две држави па едната тие да ни ја уништат. На сите ни е јасно дека тонеме на сите полиња, заведоа диктатура, сакаат да владеат со сила, закани, притисоци, нивните најсилни оружја се лагата и стравот – посочи Црвенковски.

Тој рече дека најмногу го нервира не тоа што се лажат граѓаните, туку што власта мисли дека граѓаните им веруваат.

Мора да му ставиме крај на лудилото. Мора тоа да го направиме сите заедно, целиот народ со својата волја. И тоа така како што му личи на еден државнотворен народ, прво на локални избори, а потоа на предвремени парламентарни избори. На 24 ќе гласате за локална власт, но бидете свесни дека со истиот тој глас или давате или одземате легитимитет на тиранијата. Затоа се растрчани од ВМРО-ДПМНЕ, зашто чувствуваат дека се ближи денот, дека ги чека тешка, голема народна казна. На 24 март победете двапати! Ајде сите заедно да победиме за нашата Македонија – порача Црвенковски.

Менде Диневски е име и презиме, со резултат. Дадете му ја поддршката не заради него, туку заради вас и вашите деца. Битола заслужува подобро и мора да биде дел од големата победа. На 24 март со својот глас може да издвојувате значајна победа, да му покажеме сите заедно на режимот на Никола Груевски дека нивното време заврши и дека народот сака промени и дека бара предвремени парламентарни избори веднаш – објасни лидерот на СДСМ.

Тој објасни дека глобалната слика за Македонија е пропаѓање по сите основи.

Македонија е земја на политички затвореници, на државна мафија под контрола на фамилијата, нема бизнис кај што не замешаа прсти, нема тендер кој не е наместен, цела државна машинерија е впрегната да собира арач на фамилијата. Македонија е земја во која само две индустрии функционираат, нивните пералници за пари и нивните пералници за човечки мозоци – финишираше Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно