ФОТО: Со концертот под маски почнаа карневалските празнувања во Струмица

Од:

Со вечерашниот концерт под маски на учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ беа најавени карневалските свечености во Струмица. Цел час струмичани уживаа во оваа веќе традиционална придружна манифестација која му дава посебен импулс на карневалот.

Учениците на дело ги покажаа своите способности во музицирањето, а нивниот настап многу пати беше награден со аплауз од публиката. Како и секоја година така и годинава во концертот под маски уживаше и градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев заедно со членовите на неговото потесно семејство.

strumica (1)

Веднаш по завршувањето на концертот, Заев кратко коментираше: „Ако по утрото денот се познава тогаш и годинава ќе имаме успешни и незаборавни карневалски свечености“.

Инаку карневалските свечености во Струмица официјално започнуваат утре со традиционалниот маскенбал во хотелот „Сириус“ на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата на струмичкиот карневал. На маскенбалот градоначалникот Заев ќе биде маскиран во ОГАН, а неговата сопруга Зорица ќе биде МРАЗ.

strumica (2)

Главната интернационална вечер ќе се одржи в сабота со учество на групни маски од Турција, Полска, Бугарија, Хрватска, Србија. Албанија, Црна Гора, Словенија и Македонија, а веднаш по тоа следуваат трите дена од празникот Тримери со бројни програмски содржини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите