ФОТО: Што гори во Вардариште?

Од:

Жителите на Аеродром и на Ново Лисиче се жалат дека чад и миризба од изгорена пластика секоја вечер се шири во овие населби, пренесе Канал 5.

– Облак од чад кој шири миризба на запалена гума и пластика од доцна навечер до раните утрински часови. Речиси идентична приказна раскажуваат жителите на скопските населби Ново Лисиче и Аеродром. Дел од нив на интернет ги објавија овие слики на кои се гледа изгрејсонцето над општина Аеродром заматено во чад. Се сомневаат дека некој илегално пали ѓубре и отпад во одамна затворената депонија Вардариште и иако ова се случува со години до сега никој не презел ништо сериозно за да ги спречи мистериозните потпалувачи.

Граѓаните се жалат дека и ова лето како претходните среде августовските жештини мораат да затвораат прозорци затоа што се плашат за здравјето на нивните деца и внуци.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом