ФОТО: Штипското шеталиште Суитлак коцката ја замени со асфалт

Од:

Заврши асфалтирањето на обиколницата околу месноста Суитлак во Штип, а за овој проект Општина Штип, преку ЈП Македонски патишта од владата,  доби средства во висина од 170.000 евра.

„Оваа обиколница беше завршена во рок од 30 дена, иако беше предвидено да се направи за 45 дена. Значи може, ако се работи како што треба, професионално и напорно, и од страна на мојот тим, како и од страна на изведувачот ’Гранит‘. Оваа обиколница, која беше сон цели три децении, сега е завршена. Дел од локациите ќе бидат претворени во излетнички места, со летниковци, чешми и клупи, бидејќи оваа зона е позната и како пешачка и рекреативна“, изјави градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

setalisteStip (3)

За асфалтирањето на улицата беше задолжено ЈП „Штип проект“. Патот е со должина од 1776 метри и ширина што е променлива и изнесува 5 до 6 метри.

Со втората фаза од овој проект е предвидено да се асфалтира патот што ќе се протега од горниот дел на месноста Суитлак до шумското стопанство „Серта“ и да се уредат и да се обноват зелените површини во овој дел од градот.

setalisteStip (2)

Захариев најави дека во блиска иднина ќе се започне и со реконструирањето на  улиците „Борис Кидрич“ и „Сремски Фронт“, кои се наоѓаат во непосредна близина на основното училиште „Димитар Влахов“ во Штип.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица