ФОТО: Штипјани ќе добијат нов пешачки мост

Од:

Општина Штип започна со подготовките на теренот каде што треба да биде изграден нов пешачки мостшто ќе ги поврзува населбата Стар конак и Исарот.

Средствата за изградбата на мостот се донација на градежната фирма „Актива“  од Штип, а таа ќе биде задолжена и за неговата изведба.

moststip (1)

Мостот ќе биде во форма на лак со должина од 18 метри и ширина од 3,3 метри.

Причината за изградбата на мостот е големата фреквенција на автомобили по булеварот „Гоце Делчев“, поради што во повеќе наврати беше доведена во прашање безбедноста на граѓаните.

moststip (2)

Со изградбата на мостот ќе се обезбеди поголема безбедност на пешаците во овој дел од градот.

Мостот ќе биде пуштен во употреба на 2. август.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена