ФОТО: Штипјани го одбележаа Денот на независноста

Од:

Со положување свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите од егзодусот во населба Балканска во Штип и панахида во чест на загинатите, штипјани го одбележаа 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

stipNezavisnost2013 (3)

„Најнапред  уште еднаш на сите граѓани на Штип да им го честитам овој голем празник. Македонскиот народ со векови тежнеел да има сопствена држава. Ако погледнеме наназад во историјата, по оние пишани документи што постојат, македонскиот народ направил повеќе обиди да изгради своја сопствена држава, такви се обидите со Карпошовото, Разловечкото , Кресенското востание и како посебен и значаен пример е и Илинденското востание. Македонскиот народ се саможртвувал за да изгради своја сопствена држава и тоа е нашиот вековен идеал“, изјави градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, во своето обраќање пред присутните.

stipNezavisnost2013 (4)

На свеченоста присуствуваа делегации од Општина Штип, Здружението на борците, здружението „Егеј“,претставници на двете најголеми политички партии, како и претседателот на здружението „Македон“, Ташко Јованов.

stipNezavisnost2013 (5)

Свое обраќање пред присутните имаше Ташко Јованов, претседател на здружението „Македон“ кој изјави:

„Се сеќавате кога пред 22 години граѓаните излегоа на референдум за независноста на Република Македонија и се изгласа независна Република Македонија. И покрај неверувањето на дел од политичките партии дека Република Македонија  не може да опстои како самостојна држава и нивните тврдења дека најдобро би било да се соедини со некоја од поранешните југословенски републики, македонскиот народ покажа дека Македонија може да застане цврсто на свои нозе“.

stipNezavisnost2013 (7)

Споменикот на жртвите од егзодусот беше поставен во 2008 година, токму на 8 септември, што е причина петта година по ред чествувањето на Денот на независноста на Република Македонија да се слави токму пред ова спомен-обележје.

stipNezavisnost2013 (6)

На референдумот, одржан на 8 септември 1991 година, 95,26% од излезените гласачи, односно 71,85% од целокупното населени на Република Македонија гласаа „за“ на прашањето: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз  на суверените држави на Југославија“.

stipNezavisnost2013 (8) stipNezavisnost2013 (9) stipNezavisnost2013 (10) stipNezavisnost2013 (11) stipNezavisnost2013 (12) stipNezavisnost2013 (13) stipNezavisnost2013 (14) stipNezavisnost2013 (15) stipNezavisnost2013 (1)

М.Р.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он