ФОТО: Штипјани го одбележаа 11 Октомври

Од:

Еуфоричната атмосфера што деновиве владее во Штип поради одржувањето на манифестацијата „Штипска пастрамалијада“ и фестивалот „Макфест“ не ги спречи штипјани достојно да го одбележат големиот национален празник 11 Октомври.

Чествувањето на овој национален празник започна со свечен говор на претседателот на Здружението на борците од Штип и Карбинци, Трендафил Атанасов, пред Алејата на народните херои во центарот на градот, каде што цвеќе положија и делегациите на Општина Штип, армијата, полицијата, Здружението на борците, како и претставници на двете најголеми политички партии.

DSCN0825

Прославата продолжи со пуштање во употреба на реконструираниот пат што води кон тврдината Исар, каде што е поставен Споменикот на револуцијата и свое обраќање имаше градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, а заврши со Свечената седница на Здружението на борците од Штип и Карбинци, која се одржа во Големата сала на Општина Штип.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена