ФОТО: Штипјани добија пешачки мост од Исарот до центарот на градот

Од:

По повод чествувањето на големиот национален и православен празник Илинден, делегација составена од претставници на Сојузот на борци и на Општина Штип, предводена од градоначалникот, Илчо Захариев, положи свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата на Исарот и Спомен-релјефот на Гоце Делчев во штипско Ново Село, а свечено беше пуштен во употреба и новиот пешачки мост, кој го поврзува Исарот со населбата „Стар конак“во Штип.

sti mos (10)

„Штипјани имаат свој придонес и во двата Илиндена. Историјата памети дека во Илинденското востание директно учество имала четата на Славејко Арсов- Кикиритката од Штип, но поединечни граѓани од околните села биле членови и на другите чети. Токму поради ова гневот на Османлиите го почувствувале селата Карбинци, Варсаково, Судиќ, Долно Трогерци и други, кои биле целосно опожарени“, истакна Марина Гацова, член на Советот на општина Штип.

sti mos (11)

Гацова уште додаде дека 814 борци од Штип го загубиле својот живот во борбата против фашизмот.

„Би сакал да ви го честитам нашиот најголем празник Илинден. Воедно, да им го честитам и именденот на сите оние што денес го прославуваат. Во третиот ден од мојот мандат го повикав сопственикот на фирмата ‘Актива’ од Штип, Илија, и се договоривме дека на денот на нашиот именден, на Илинден, ќе пуштиме во употреба еден прекрасен мост, кој ќе ги поврзува Исарот и ‘Стар конак’. Денес на Илинден тоа и се случи“, истакна градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, пред насобраните граѓани што присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на пешачкиот мост.

sti mos (5)

Средствата за изградбата на мостот се донација од фирмата „Актива“ од Штип, која, исто така, беше задолжена и за реализација на целокупниот проект.

sti mos (3)

Штипјани мостот го нарекоа „Мост на вљубените“, притоа сакајќи да ја истакнат традицијата што со години ја негува Штип по повод чествувањето на христијански празник Младенци, попознат меѓу штипјани како „Четрсе“, кога се качуваат на Исарот и фрлаат 39 камчиња, а едно ставаат под перница со надеж дека на тој начин ќе сонуваат својот животен сопатник.

sti mos (1)

М.Р.

Би можело да ве интересира

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица