ФОТО: Штип ја одбележa Неделата без автомобили

Од:

Во текот на вчерашниот ден штипјани можеа да го проследат „Велосипедскиот маратон“, кој во соработка со дел од детските градинки и основните училишта го организираше Општина Штип по повод Неделата без автомобили.

Учество во маратонот зедоа децата од детската градинка „Вери Циривири-Трена“, ученици од основните училишта, како и претставници од Здружението на пензионеритена Штип и Карбинци, кои на сите граѓани сакаа да им ја пренесат пораката дека, сепак, сите генерации можат да бидат дел од светот без автомобили.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Маратонот започна пред детската градинка „Вери Циривири Трена“, а учесниците поминаа две маршрути.Најмалите на велосипед минаа дел од  улиците „Христијан Тодоровски-Карпош‘‘ и „Генерал Михајло Апостолски“, по што повторно се вратија во дворот на градинката, додека, пак, повозрасните го заобиколија целото градско подрачје.

По завршувањето на маратонот учесниците имаа можност да проследат едукативни предавања за безбедноста во сообраќајот и за укажување прва помош.

Учество во реализацијата на оваа манифестација зедоа и Советот за безбедност во сообраќајот, Здружението на пензионерите на Штип и Карбинци, Црвениот крст и Одделението за превенција при СВР-Штип.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена