ФОТО: Сендвичи за контрадемонстрантите пред УКИМ

Од:

Контрадемонстрантите што денеска се појавија на УКИМ да засадат дрвја, не само што беа придружени од вработени од „Македонски шуми“, кои со механизација правеа дупки за садниците, туку добија и сендвичи.

Околу еден час отако се појавија на УКИМ, дојде комбе полно сендвичи што им беа разделени на дел од студентите од Факултетот за физичка култура и од ФИНКИ. Тие денеска садеа дрвја, истовремено кога нивните колеги од Студентскиот пленум застанаа во одбрана на автономијата на Универзитетот, во процедурата за градење на две нови барокни згради што треба да бидат факултети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски