(ФОТО) СДСМ: Виртуелни инвестиции и во Гевгелија

Од:

„Во декември 2012 година Никола Груевски постави камен темелник на технолошко-индустриска зона во Гевгелија, локалитет Прдејци, со површина од 50 хектари.

Денеска, цели три години подоцна, ТИРЗ Гевгелија, локалитет Прдејци е само празна ливада. За три години во оваа зона не се изгради ништо а не се отвори ниту едно работно место.

IMG_7845

Тоа се виртуелните инвестиции на Никола Груевски коишто никогаш не се реализираа.

Никола Груевски во овие слободни индустриски зони ветуваше влез на многу копании:

IMG_7844

Како Аџаи груп од Индија за којашто Груевски виртуелно ветуваше дека ќе граделе и хотели.

Или Бен Дор фирма од Израел за којашто Груевски вети дека ќе изгради погодн за овошје и ќе произведува 10 илјади тони годишно.

IMG_7837

Наместо отворање на фабрики, нови вработувања, производство и реализација на проекти, виртуелните инвестиции на Никола Груевски се само запуштени ливади со нула нови работни места.

Тоа е вистинското лажно лице на Груевски што граѓаните многу добро го знаат. Груевски мисли само на бизнис интересот на фамилијата, на провизиите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари…

IMG_7832

Корупцијата во врвот на власта во изминатите години изеде безброј работни места“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ