(ФОТО) СДСМ Прилеп: Втор пат на иста локација пропаѓа асфалтот и се превртува камион

Од:

„Денеска, при изведба на градежни активности од страна локалната самоуправа во центарот на Прилеп, кај кружниот тек близу Поштата, пропадна и се преврти камион и тоа на иста локација каде и минатата година се случи идентичен таков настан.

Олеснителна околност е што нема повредени, но, сето ова укажува за катастрофалната изведба и сомнителниот квалитет на градежните зафати во општина Прилеп“, пишува во соопштението на СДСМ Прилеп.

ostvaruvamePrilep (2)

„По втор пат на една иста локација, во период од околу една година пропаѓа асфалтот и се превртува камион, што само по себе поставува серија прашања:

ostvaruvamePrilep (3)

Под какви услови се избираат и ангажират фирмите кои вршат градежни зафати во Прилеп?

ostvaruvamePrilep (4)

Кои се критериумите за избор на градежна фирма?

ostvaruvamePrilep (5)

Дали тоа се релациите и односите со владејачката партија?

ostvaruvamePrilep (6)

Кој врши надзор при изведбата на градежните решенија и кој ќе сноси одговорност за ваквиот повторен случај?

ostvaruvamePrilep (7)

СДСМ бара, градоначалникот Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ, веднаш да запрат со несериозното трошење на народните пари и да воспостави вистински критеримуи при изведбата на градежни активности во општина Прилеп“, се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

ostvaruvamePrilep (8)

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни