Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ и советникот од Сојузот на иднината, Дарко Атанасовски денеска со рози им го честитаа празникот на жените на улицата Македонија и на повеќе локации низ општината.
Жерновски вели, ова е само симболична честитка бидејќи жените заслужуваат внимание сите 365 дена во годината.
Директорот на ЈП ПОЦ, Богдановиќ порача дека не треба да се слави само денес, туку дека вниманието и односот кон жените на 8-ми март треба да се практикува секој ден во годината.
Општина Центар сака на сите припаднички на понежниот пол да им го честита меѓународниот ден на правата на жените и да ја поздрави улогата на жената во сите аспекти на животот.