ФОТО: Пуштен во употреба нов спортски комплекс во Штип

Од:

Вчеравечер и официјално беше пуштен во употреба новиот спортски комплекс во населбата „Автокоманда“ во Штип. Овој спортски комплекс е изграден со донација на штипски бизнисмени, а активно учество во неговата изградба имаа и лицата што престојуваат во Казнено-поправниот дом во Штип.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Станува збор за спортски комплекс што опфаќа мини-фудбалско игралиште покриено со вештачка трева, игралиште за кошарка и игралиште покриено со песок на кое се поставени мини-голови, наоколу е посадено зеленило и се поставени десетина нови клупи и летниковец.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Ова е епилогот од едномесечната интензивна работа. Од руина, ова место го претворивме во урбано катче. Во него место ќе најдат најмладите, бидејќи има детски реквизити, младите, бидејќи има спортски терени, а и постарите ќе можат да одморат“, изјави градоначалникот Илчо Захариев.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Захариев додаде дека за да се зачува овој комплекс Општината ќе ангажира чувар, но упати и апел до граѓаните совесно да се однесуваат и да го чуваат сèона што е вложено во новиот комплекс.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица