ФОТО: Протести во Тетово против екстерното тестирање

Од:

„Стоп за екстерното тестирање”, „Не за екстерното, да за нормалното“. Со вакви пароли и извици учениците од основните и средните училишта во Тетово излегоа на мирен протест пред општинската зграда.

PROTESTI 2

Го изразија своето незадоволство од одлуката на Министерството за образование и наука од следната недела да се отпочне со екстерно тестирање во училиштата.

PROTESTI 3

Тие сметаат дека овој чекор, на крајот од учебната година, ќе предизвика голем стрес особено кај оние од помала возраст и дека одлуката за надворешна проверка на стекнатите знаења нема биде во корист на учениците ниту на професорите.

PROTESTI 4

„Јас сум против екстерното тестирање зошто не е миродавно еден тест да оценува за цела година“ рече средношколецот Шенол Скендеровски.

PROTESTI 5

Учениците протестот го продолжија со марш  по главните сообраќајници низ градот се до тетовскиот плоштад.

PROTESTI

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот