ФОТО: Протести пред циркусот Сафари во Скопје

Од:

Триесетина Скопјани протестираа пред шаторот на циркусот Сафари, поставен на просторот кај спортската сала Борис Трајковски во Скопје.

Активистите за заштита на животните протестираа со пароли на кои пишуваше „Суровоста не е забавна“ , „Оковите задржете ги за себе“, „Животните не се кловнови“, „Вие купувате билет, а тие ја плаќаат цената“, „Дивите животни припаѓат во дивината“.

„Никоја не ја знае заднината на она што се случува во циркусот, конкретно во циркусот Сафари. Слоновите живеат веќе 40 години во заробеништво, бараме од Ветеринарната управа да забрани одржување циркуси со животни во Македонија, како што тоа го сторија многу други европски држави меѓу кои последни во низата беа Шпанија и Грција“, вели Венера Петкоска од Асоцијацијата на активисти зз права на животните.

Протестантите информираа дека внатре во циркусот ги скротуваат животните со електрични шокови, дека во 1998 година при тајно снимање во Велика Бртинија животните се мачат и се држат во лоши услови, пред секој настап поминуваат низ сериозно мачење посебно за време на дресурата.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он