ФОТО: Прилеп направи перница за Гинис

Од:

Прилеп денеска постигна нов Гинисов рекорд. Ја направи најголемата перница со димензии 17,1 на 17,1 метар тешка околу шест тони. Ова и официјално го верификуваше претставникот на Гинисовата канцеларија во Лондон, Фортуна Бурке.

– Со оваа перница денеска е срушен досегашниот рекорд од 15 метри и поставен е нов Гинисов рекорд. Перницата е голема 17,1 метар. Му честитам на Прилеп. Атмосферата е многу убава, изјави Бурке.

106327420

Иницијативата за да се наполни перницата е на компанијата за постелнини „Комфи Ангел“ а со логистичка поддршка на локалната самоуправа. Перницата денеска попладне ја полнеа вработените во компанијата под надзор на верификаторот од Гинисовата канцеларија.

– Перницата ја наполнивме за неполни два часа со материјалот кој го користиме за производство на перниците во фирмата. Всушност, беа поставени повеќе од 1850 помали перници тешки над 3 килограми,изјави Ирена Јакимосјка, сопственичка на „Комфи Ангел“.

Screenshot_2

Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, градот веќе има искуство со ваквите манифестации. – Сакаме и овојпат да укажеме дека Прилеп и Македонија се посакувани дестинации за инвестирање, рече Ристески.

Привот Гинисов рекорд на Пирлеп е поставен пред пет години кога беа приготвени 80.191 посна сарма. Новиот рекорд – најголема перница, за неколку дена ќе биде и официјално впишан, рече преставникот на Гинисовата канцеларија Фортуна Бурке.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително