ФОТО: Протест на Здружението на граѓани „Битола сака чист воздух“

Од:

Здружението на граѓани „Битола сака чист воздух“ вечерва во Битола одржа мирен протест и јавно побара решавање на проблемите и откривање на причините и причинителите кои го загадуваат воздухoт во овој град.

Во своето обраќање пред учесниците на протестот, битолскиот актер Иван Јерчиќ посочи дека единствената цел на формираното здружение е доследно почитување на законите и еко стандардите во Битола.

Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук

– Центарот на Битола за нас е центар на светот. Ние немаме резервен град. Нашиот собир не е да се омаловажи празникот на градот, туку јавно да кажеме дека за нас, за вас, за сите се работи. Бараме поправка или набавка на нови мерни станици кои секојдневно точно и транспарентно ќе го мерат квалитетот на воздухот во Битола, бараме да се откријат големите и малите загадувачи и да се направи регистер на загадувачите, да се реагира согласно законот и уставното право на секој да дише чист воздух и да се имплементираат еко стандардите предвидени со Законот за заштита на животната средина, истакна Јерчиќ на вечерашниот мирен протест на Здружението на граѓани „Битола сака чист воздух“ што се одржа на Широк Сокак во овој град.

10612922_734686033284280_7982264757072365395_n
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри