ФОТО: Поројни дождови во Дебарско, одрони и прекинат локален сообраќај

Од:

Поројните дождови кои попладнево го зафатија дебарскиот регион созадоа проблеми во нормалното одвивање на локалниот сообраќај во долнореканското село Долно Косоврасти.

– Во атарот на долнорекансото село Долно Косоврасти имаше одрони на камен и кал на раскрсницата од каде продолжува патот кон бањскиот локалитет, односно хотелот „Термал“, како и патот кон селото Горно Косоврасти. Со механизација на дебарската секција на „Македонија пат“, возило на „Дебарски Бањи-Цапа“ и општина Дебар, наносите беа расчистени и по прекин од неколку часа сообраќајот беше нормализиран, изјави Адмир Горенца, раководител на дебарската дирекција за заштита и спасување.

Поројните дождови поплавија и подрумски простории на повеќе куќи во селото. Помали одрони од камен забележани се по должина на делницата Дебар – Жировница, на патниот правец Дебар – Маврово и делницата Дебар – Глобочица на патниот правц Дебар – Струга. Поради тоа се препорачува внимателно возење.

Дождот поволно ќе влијае во зголемувањето на дотекот на вода во Акумулацијата „Дебарско Езеро“ во која моментно има резерва на вода за производство на над 37 милиони киловат-часови електрична енергија. Нивото на акумулацијата изнесува 570 метри или уште два метра до максималната кота.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Најмалку 11 загинати откако автобус удри во постојка во Анкара

Емир Латифовиќ

Почит и незаборав за прилепските бранители!

Емир Латифовиќ

Почина балерината Маја Плисецкаја

Емир Латифовиќ

Професорите му одговорија на ректорот: Престанете да манипулрате со нас

Емир Латифовиќ