ФОТО: Полицијата безмилосно удирала и девојчиња

Од:

Подливи и модринки сведочат за вчерашната бруталност на полицијата. На протестот пред владата полицајците удираа и по преставничките на понежниот пол.

devojceTepano1

До редакцијата на А1 он пристигна слика од девојка која се пожали дека без никаква причина еден од полицајците ја удрил.

devojceTepano

Иако девојката била со кренати раце во моментот кога специјалците ја расчистуваа толпата која протестираше пред владата, еден од нив замавнал и ја удрил иако не се спротиставувала на припадниците на МВР.

Многу од луѓето кои вчера протестираа пред владата се пожалија на претерерана употреба на сила на полицајците.

Во налетот на полицискиот кордон настрадаа и други жени присутни на протестот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите