А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Средба Груевски – Заев

by А1он24/06/2014 - 13:3124/06/2014 - 15:50196
Share0

Денеска се одржа средба меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и премиерот Никола Груевски во Клубот на пратеници, место кое го одбра Заев како неутрален терен за преговори за излез од политичката криза.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во Клубот на пратеници беа присутни Мартин Протуѓер, Илија Димовски и Петре Шилегов, меѓутоа, за разлика од претходните средби оваа се одвиваше само меѓу двајцата лидери.

До лидерската средба дојде по поднесените оставки на опозицијата во Собранието и непризнавањето на изборните резултати на предвремените парламентарни и претседателски избори.

zaev sredba

Следете a1on на Youtube YouTube

Изминатите денови Заев најави дека ќе му достави пет барања на Груевски. Клучното барање е формирање техничка влада што ќе спроведе слободни, фер и демократски избори. Останатите се однесуваат на одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми, допрецизирања во изборното законодавство и прецизирање на Избирачкиот список и спроведување попис на населението.

За Груевски, формирање на техничка влада не претставува излез од политичката криза.

Денешното седнување на заедничка маса најверојатно ќе биде една од серијата средби што ќе се случуваат на лидерско ниво, на кои ќе се утврди во која насока ќе течат разговорите.

Петар Клинчарски

gruevskiZaev

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски16/04/2026 - 11:4316/04/2026 - 11:44

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:1027/12/2025 - 12:10

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:4005/12/2025 - 22:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто