ФОТО: По фестивалот генералка на плоштадот од кој се подигнати 86 метри кубни отпад

Од:

По завршувањето на третото издание на „Струмица опен фестивал 2014“, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ има полни раце работа.

generalkaStr-plostad (2)

За време на трите музички вечери подигнати се вкупно 86 метри кубни комунален отпад. Во изминатите два дена се миеше, а денеска почна генералното чистење на градскиот плоштад во кое покрај екипите на „Комуналец“ е вклучена и територијалната противпожарна единица на Струмица.

generalkaStr-plostad (3)

Според Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“, плоштадот ќе се чисти со специјално средство за чистење на гранитни површини и ќе се врши комплетна дезинфекција, а ќе се дезинфицираат и местата околу плоштадот.

generalkaStr-plostad (4)

Генералното чистење ќе продолжи и утре поради големата површина на плоштадот кој беше преполн со посетители на трите завршни вечери на „Струмица опен фестивал.

generalkaStr-plostad (5)

Над двесте илјади посетители во единаесетте денови на „Струмица опен фестивал“ посетија 28 настани на десет отворени сцени во градот.

generalkaStr-plostad (6) generalkaStr-plostad (7) generalkaStr-plostad (8)

 

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски