ФОТО: По 67 години градинката „Кочо Рацин“ во Центар замина во историјата

Од:

Старата градинка „Кочо Рацин“ во Капиштец изградена далечната 1947 година, со азбестни цементни ѕидови, со мувла по ѕидовите, руинирани подови, искршени и стари креветчиња и кујна која одамна го ислужила своето, конечно замина во историјата.

gradinkaKR-C (2)

-Општина Центар ги започна подготвителните работи и отстранувањето на стариот објект, по што ќе почне изградбата на нова, современа градинка, во која децата ќе се вселат во јуни 2015-та година. Сега 170 деца се сместени во 4 други клонови на градинките на територија на Центар, соопштуваат од општината.

gradinkaKR-C (4)

Новата градинка во Капиштец ќе има 2000 м2, ќе биде на 2 спрата и ќе го зголеми опфатот на деца од 170 на 250.

gradinkaKR-C (3)

Буквално се’ во градинката ќе биде ново, на сензор, ќе биде градена според стандардите за енергетска ефикасност, кујната ќе биде по ХАСАП стандардите, дворот ќе биде збогатен со 40 високо стеблести дрвја, ќе се реконструира детскиот брод, а за децата ќе бидат набавени нови, квалитетни играчки, соопштуваат од општина Центар.

Gradinka - skica

За новата градинка општина Центар издвои 112.000.000 денари од новиот буџет.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски