ФОТО: Павле Трајанов доживеа сообраќајка

Од:

Сообраќајна несреќа, кога едно возило престигнувало цела колона, на полна линија и директно удрило во друго возило кое се движело во својата лента се случила во саботата во 16:15 часот, на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на мостот на Водисирска Река.

Претседател на ДС Павле Трајанов, управувал со „шкода“, при што се движел на десната страна на патот Скопје – Гевгелија. Во исто време од спротивната страна имало колона од автомобили и товарни возила, при тоа во обид да престигне, возачот со „фиат пунто“, на полна линија, преминал на левата страна од коловозот и директно удрил во „шкодата“. Според трагите на кочење, „пунтото“ се движело со голема брзина, јавуваат медиумите.

Трајанов иако се обидел да избегне и се залепил на крајната десна страна и речиси целосно го сопрел возилото, не можел да ја избегне несреќата. Тој не е повреден, а четворица сопатници на двете возила имале повреди, биле префрлени во клиниките, а потоа сите пуштени на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски