Агенцијата за државни патишта попладнево експресно ги промени патоказните табли со називот на општина Вевчани. Сега името на Вевчани е напишано само на македонски јазик и кирилично писмо и на англиски јазик, но не и на албански јазик како што беше случајот претходно.
Реакцијата од општината до Агенцијата за државни патишта следеше откако А1 ја објави информацијата дека на патниот правец Струга- Дебар називот на Вевчани е напишан покрај на македонски и на албански јазик, а Вевчани беше преименувано во Вевчан.
Во острата реакција испратена од општина Вевчани посочија доколку Агенцијата за државни патишта не ги корегира патоказните табли тогаш општината согласно позитивните законски решенија на Република Македонија со инспекциските служби сама ќе преземе акција за нивно отстранување.
Мики Трајковски