ФОТО: Општина Струмица ја одбележа 57 годишнината од раѓањето на претседателот Трајковски

Од:

Општина Струмица денеска ја одбележа 57 годишнината од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Членови на неговото семејство, претставници на локалната власт и политичките партии, како и граѓани кои го почитуваат неговото дело, положија свежо цвеќе пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк.

За животот и делото на Трајковски, зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Trajkovski 1

-Претседателот Трајковски се грижеше за унапредување на демократијата во државата, за зачувување на човековите права, за афирмација и доследно спроведување на пазарната економија, за развој на граѓанското општество, за соживот меѓу различните етникуми, за политичка стабилност и динамика на внатрешен и надворешен план, за добрососедство и регионална соработка и за интегрирање на Македонија во евроатлантските структури. Се што правеше на тој план го правеше од срце, го правеше со душа, го правеше со неизмерна љубов кон својата татковина – Република Македонија. Претседателот Трајковски, посебно значајна улога одигра со своите мудри одлуки кои беа пресудни за запирање на воениот конфликт во 2001 година, кој беше сериозна закана за понатамошното нормално опстојување на државата. Подоцнежниот Рамковен договор, чиј идеен творец беше токму претседателот Трајковски, ќе остане запаметен како клучен документ кој ја врати безбедноста и соживотот во Македонија, рече меѓу другото, Марјан Даскаловски.

Trajkovski 3

Во чест на Трајковски, наградените учесници на конкурсот што го распиша библиотеката ,,Благој Јанков Мучето“ ги прочитаа своите творби инспирирани од темата „И по девет години, цела Македонија се сеќава на претседателот Борис Трајковски“.

Trajkovski 5

Trajkovski 4

Би можело да ве интересира

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски