ФОТО: Општина Центар на дело ја покажа грижата за пензионерите

Од:

Денеска Општина Центар го отвори Клубот на пензионери „Капиштец“.

Во секој слободен момент повозрасните граѓани од Општина Центар ќе имаат пријатно катче за собирање, дружење, играње табла, шах и домино.

PENZIONERI-Andrej (2)

Општина Центар почнува од Капиштец, а вакви клубови ќе бидат отворени на целата територија на Центар.

„Ова е од денеска Ваше место. Ова е начин да се оддолжиме барем малку на оние кои што не подигнуваа и се грижеа за нас. Ова ја покажува нашата вистинска грижа за нашите повозрасни жители“, рече градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

PENZIONERI-Andrej (4)

Советникот Цветанка Симоновска појасни дека 50% од жителите на Капиштец се повозрасни лица. Има потреба, посочи, од вакви простории за задоволување на потребите на граѓаните.

PENZIONERI-Andrej (5)

„Го реализираме ветувањето. Граѓанинот е над се и правиме напори да ги задоволиме потребите на секој поединец“, рече советничката Симоновска.

PENZIONERI-Andrej (1)

Општина Центар го направи Клубот на пензионери со свои средства и ќе се грижи за негово одржување и уредување.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Секој петти граѓанин на Хрватска е официјално сиромашен

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он