(ФОТО) Од ветениот нов театар во Струмица, остана само лопатата

Од:

Седум месеци поминаа откако власта најави дека конечно почнале активностите за изградба на стариот струмички театар, а исто толку време од фрлената лопата и црвените панделки со кои ја означи градбата. Сето тоа со публика, камери, ракоплескања, пофалби по медиумите, а од тетарот останаа само урнатините.

Статистички, тоа беше дури петто ветување за струмичани дека ќе се возобновува стариот театар, но сеуште ниту еден работник, ниту било каква механизација се нема појавено.

 

Ова засега е само уште еден објект од ветените во лопата-градежната преродба на оваа власт.

-Повеќе години изградбата и обновата на стариот струмички театар е тема на струмичката чаршија, но и тема на многу избори и политички ветувања. За жал, таквите ветувања за обновување на театарот никој до сега не смогна сили да го исполни.

teatarStrumica-3-675x320

-Не беше ниту лесно, ниту едноставно. Но, она што го зацртавме бевме силно решени да го исполниме и го исполнуваме. Од денеска започнува новото раѓање на стариот струмички театар, рече премиерот Груевски во март оваа година.

Министерката Елизабета Канческа Милевска во неколку наврати и најавуваше рокови за театарот, а според нејзината одамнешна изјава досега ќе требаше веќе и да функционира.

10723571_10204744334389962_1061648081_n

До август ќе бидат изготвени сите потребни проекти за реконструкција на стариот струмички театар, а очекуваме во ноември да започнат работите на терен.

10723233_10204744335109980_734465047_n
Се надевам дека во рок од година и пол ќе го вратиме стариот сјај на струмичкиот театар, рече министерката за култура во јуни 2012 година.

10717549_10204744332229908_921957196_n

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица