ФОТО: Незаборавен дочек со Даниел Кајмакоски на Градскиот плоштад во Охрид

Од:

Преполн плоштад, весели лица, богата програма и задоволни гости и домаќини. Вака синоќа Охрид ја дочека Новата 2018-та година со желби за многу здравје, успех и благосостојба.

Иако прославата беше најавена како скромна, убавото време, понудата и настаните од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ направија Охрид да биде исполнет како во шпицот на сезоната.

– Охрид е преубав град кој го заслужува ова. Новата локална власт ќе направи максимални напори тој да прерасне во вистински Балкански центар, што и навистина го заслужува. Многу здравје, среќа и успех во Новата 2018-та година, им порача на охриѓани и многубројните гости Градоначалникот Јован Стојаноски.

На Градскиот плоштад синоќа имавме навистина богата програма. Ѕвезда на вечерта беше мега-популарниот Даниел Кајмакоски, а покрај него настапија и Анита Мицова, Ансамблот Билјана, младите Ирма Гогова и Ивана Коскоска од OhridSUPERSTAR и Dj Regie Rulles. Баскер уметниците повторно „ја запалија“ атмосферата и ги забавуваа присутните, а вечерта беше заокружена и со спектакуларен огномет.

– Јас сум од Струга, но во Охрид се чувствувам како дома. Целиот овој регион на Охрид и Струга за мене е за мене едно. Охрид е препрасен град и Ви благодарам за поканата да ја дочекаме Новата година токму овде, порача Кајмакоски.

Забавата траеше до доцна во ноќта, а за вечерва повторно се најавува богата програма. За прослава на Првата вечер на Новата година на Градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат Dj Jane, Жанко ЗШ Голабоски, Жармена и Китроз, а ѕвезди на вечерта ќе бидат Бени и Нон Стоп.

Би можело да ве интересира

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“