ФОТО: Неколку илјади прилепчани излегоа на улица „Овој режим мора да падне!“

Од:

Oтпорот вечерва продолжи во Прилеп. Неколку илјади прилепчани, храбро, гордо и достоинствено излегоа на улиците и во еден глас порачаа дека овој диктаторски режим мора да падне.

Прилепчани повторно како и многу пати во историјата храбро се борат за слободна и демократска Македонија. Земја во која власта ќе се плаши од народот, а не народот од власта.

„Цврсто сме решени да го турнеме режимот на Груевски. Одиме до крај, запирање нема“, велат прилепчани.

Граѓаните го започнаа маршот во 18 часот од булеварот Гоце Делчев во Прилеп, поминаа покрај Судската зграда, споменикот на Бранителите загинати кај Карпалак и продолжија по булеварот.

Говорници беа Влатко Ристевски од Иницијативата АМАН, пратеникот на СДСМ Горан Сугарески и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Фото: sky.mk

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите