Групата граѓани извикувајќи „Убијци“, „Доста беше молк“, „Кого браните“, „Оставка“, „Ќе одговарате“ и друго протестираат пред Владата револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата. Во групата која се обиде да влезе во Владата за да разговараат за снимките беа и мајката и братот на Нешковски.
Специјални полициски единици моментално го блокираа влезот кон владата, за групата демонстранти да не може да влезе внатре.
На протестот се пуштаат и аудиоснимките од денешната „бомба“ посветена токму на неговото убиство.
Се повеќе граѓани се собираат пред Владата, а на протестот пристигаат и дополнителни полициски сили. На новинарите кои известуваа од прес конфренцијата на министерката Гордана Јанкулоска не им беше дозволено да излезат од главниот влез, туку беа приморани да си одат преку подземната гаража.