ФОТО: Најстарата градинка во Центар го прослави својот 65-ти роденден

Од:

Градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, најстарата градинка во општина Центар денеска го прослави 65-годишниот јубилеј.

Децата, воспитувачите, учителите родителите, но и поканетите гости уживаа во талентот на децата, кои со песна и игра го претставија значењето на учењето и знаењето.

„Кога размислував што да кажам, ја добив и прочитав поканата. Па има ли нешто поубаво да се порача од тоа што е таму напишано: „На секое дете му треба учител, на секој учител му треба дете. Ги соединува љубовта и учењето! И тоа е крајот, но истовремено е новиот почеток“. Градинката за вас е првото скалило во светот на знаењето но и дружењето. Јас имам два сина, и учителките од  градинката за нив биле секогаш нешто што го паметат и ќе го паметат цел живот“, со овие зборови ги поздрави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Жерновски вети дека секогаш ќе биде присутен по вакви поводи и се во интерес на децата.

andrej-gradinka (1) andrej-gradinka (4) andrej-gradinka (5) andrej-gradinka (6) andrej-gradinka (3)

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски