ФОТО: Најмладите екологисти во акција по повод 22. април – Светскиот ден на планетата Земја

Од:

Со цел активно вклучување во еколошка акција на интернационално ниво, чиј организатор е Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) во рамките на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, градинката „13 Ноември“ по повод светскиот Ден на планетата земја зеде учество со низа активности за создавање на поодржлив свет. Активностите беа реализирани на неколку локации во пошироката средина на градинката. Поаѓајќи од главно мото на оваа еколошка акција „Една планета имаме и треба да ја чуваме“ децата, родителите и вработените во чест на овој ден засадија садници во дворовите на објектите и пошумуваа на падините на Водно.

22-aprilcentar (2)

Децата од објектот Јасмин“ заедно со родителите и вработените преку организиран превоз најнапред го посетија ЈП „Паркови и зеленило“ каде им беа донирани садници. Потоа на падините на Водно истите ги посадија, со цел подигнување на детската свест за значењето на зеленилото и дрвјата, како едниствени филтри на загадениот воздух во градот Скопје.

Децата од објектите „Парк“ и „Кукушка“ дадоа свој придонес кон заштитата на животната средина преку организирани еколошки акции за собирање и селектирање на отпад во дворот на градинката.

22-aprilcentar (3)

„Матичниот објект“ ги исполни стандардите за уреден и еколошки двор преку поставување на ограда за еко-градината, изработена и декорирана на заедничката работилница со родителите и децата.

22-aprilcentar (4)

Децата од градинката „13 Ноември“ се надеваат дека со нивното вклучување во оваа масовна меѓународна еколошка акција ќе дадат свој придонес за подигнување на свеста кај сите учесници за чиста животна средина.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска