ФОТО: Министерот Попоски се сретна со претседателот на МАНУ Камбовски

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска имаше работна средба со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Владо Камбовски и други членови на Академијата.

Како што соопшти МНР, на средбата беа разменети мислења за актуелните прашања и приоритети во македонската надворешна политика за 2013 година, при што посебен осврт беше направен во делот на регионалната соработка, како и на процесите и фазите за евроатлантската интеграција на Република Македонија.

poposki kambovski1

Заеднички беше повторен интересот за скорешно потпишување меморандум за соработка меѓу МНР и МАНУ. Овој документ, како што се наведува, ќе биде основа за продлабочена соработка во искористување на научно – стручните капацитети на двете институции, во насока на уапредување на едукативни и истражувачките активности, за помош и поддршка во апликативни активности, т.е. заеднички настап и учество на истражувачки проекти, размена на искуства, знаења и достапност на сознанија произлезени од спроведени научни истражувања, взаемно користење на стручна литература од библиотечниот фонд на двете институции, заеднички организирани тркалезни маси, семинари и други форми на соработка.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска