Службениот џип на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, вчера меѓу граѓаните и партиските активисти во текот на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Цветков со службениот џип беше виден во близина на Градско, поточно во селото Ногаец каде членовите на ВМРО-ДПМНЕ имале средба со граѓани.
Извори на А1он велат дека Цветков се обидел да се сокрие за да не биде забележан дека врши злоупотреба на службено возило за партиски цели.
Засега од заменик министерот Љупчо Николовски нема најава за поднесување кривична пријава кон Цветков за злоупотреба на службено возило.
Ова не е прв случај на злоупотребување службени возила од страна на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Пред еден месец дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов направи низа сообраќајни прекршоци со службениот џип на министерството кој го користел надвор од работно време и за свои лични потреби.
Виктор Јованов