ФОТО: Мигрантите со игла и конец ги зашиваат устите кај Гевгелија

Од:

Поради одлуката да не се пропуштаат економските мигранти на македонската граница, бегалците од Иран, Курдистан и Пакистан ја зашиваат устата со игла и конец со што сакаат да испратат порака дека не се откажуваат од намерата да отпатуваат во некоја од земјите на ЕУ.

12270118_10206728996716313_673784842_n

Прва Словенија, па Македонија, Србија и Хрватска минатата недела одлучија да не ги пропуштаат економските мигранти на границата, односно да се пропуштаат само бегалците од подрачјата каде има воени дејствија.

12270535_10206728996756314_464189368_n

Мигрантите од Мароко, Иран и Пакистан го блокираа железничкиот сообраќај на границата помеѓу Македонија и Грција и бараат да бидат пуштени кон Западна Европа.

12277321_10206728996916318_1266301914_n

Еден Иранец ја заши устата и почна штрајк со глад, порачувајќи дека нема враќање назад.

12282854_10206728996836316_1325063897_n

Дел од мигрантите се залепени со селотејп на устите и полуголи ја блокираат границата. Засега околу 1300 мигранти се на ничија земја, на просторот помеѓу Грција и Македонија и одбиваат помош во храна, вода и ќебиња.

12283094_10206728996876317_1321401032_n 12286097_10206728996796315_420991913_n

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи