„Масовен собир во одбрана на правата на животните и прошетка со милениците се одржа денеска, настан со кој ги повикуваме институциите да востановат конечна законска забрана за еутаназија на бездомните животни во Македонија.
Настанот броеше над 200 лица од кои голем број прошетаа со своите миленици и е прв од ваков вид во Република Македонија.
Фактот дека настанот е организиран во само неколку дена, најавен само преку социјалните мрежи, а привлече толку многу граѓани, јасно говори за ставот на јавноста и покажува дека е граѓаните се недвосмислено против убивањето и насилството врз животните.
Во овој миг кога се носи новиот закон за заштита на животните, волјата на граѓаните не смее да биде игнорирана“, велат од Анима Мунди.
150 од присутните носеа маички со порака „Правда за животните“ овозможени од Националниот демократски институт , кои ја поддржаа предлог законска иницијатива на Анима Мунди.