(ФОТО) Макрадули: Скопските општини не се како во рекламите на власта

Од:

„Скопските општини воопшто не наликуваат на Скопје од рекламните спотови на власта. Од ова место, покажуваме дека Скопје не е само Центар.

Додека актуелната градска власт преку скапите реклами им нуди розови очила на скопјани овој мост на „Маркова река“ претставува црна точка на Скопје, на Кисела Вода но и на околните општини Зелениково и Студеничани“, рече кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули.

„Иако е изграден како времен објект уште пред земјотресот досега не е реконструиран. За 50 илјади жители на Кисела Вода што секојдневно го користат, овој мост претставува играње на „руски рулет“ со сопствената безбедност. Оградата на мостот е небезбедна, тротоарите и коловозот се уништени а за стабилноста и сигурноста на мостот не можеме ни да говориме.По реакцијата на советниците од опозицијата следеа ветувања дека за 60 дена овој мост ќе биде комплетно испитан од страна на стручни лица на градот, но тоа не е направено.Граѓаните на Кисела Вода не заслужуваат таков однос, не заслужуваат ваков мост, закана за нивната безбедност и во катастрофална состојба“, рече Макрадули.

Макрадули, заедно со Љупчо Васовски кандидатот за градоначалник на Кисела Вода се приклучи на мирниот протест на жителите од населбата Драчево, општина Кисела Вода.

Макрадули и Васовски ги ислушаа проблемите на жителите и ги кажаа своите визии и планови. Макрадули ги повика граѓаните на Кисела Вода да се вклучат во создавањето на новата визија за Градот Скопје. Визија, која ќе ја порази сегашната баналност и која ќе значи решавање на овој проблем.
Вети, по превземањето на власта, овој мост ќе биде еден од неговите приоритети, еден од приоритетите на градот Скопје!

Би можело да ве интересира

Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски без никакви мерки прави статистички спинови, велат од СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Горан Наумовски

Тошковски до СДСМ: Толку ли многу ви смета што покренавме кривични постапки против корумпирани судии и обвинители?

Филипче од Дојран: Оставивме дела, а не зборови, Ристо Џинев е гаранција за развој и нови проекти

Горан Наумовски

Филипче со порака до Мицкоски: Македонија не е твој експеримент, ниту твој вилает

Горан Наумовски

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски