(ФОТО) Лебед со клун заврзан со рибарски конец плови во Струга, никој не му помага

Од:

Лебед со клун заврзан со рибарски конец и тапа бил забележан кај областа „Еврохотел“ во Струга, известува Здружението за заштита на животни „Анимал Ворлд“ од Струга и реагира што никој од надлежните кај кои граѓаните ја пријавиле состојбата на лебедот не презел ништо за да му помогне.

– Единствено што не извести локален ветеринар е дека му било кажано дека ќе излезат луѓе на терен, но се уште нема никаква информација дали навистина нешто е преземено. Тоа не не чуди, знаејќи го фактот дека во нашата држава се уште нема стручни лица кои неговото заловување би го извршиле професионално и лебедот не би бил дополнително истрауматизиран. Што е уште потрагично, за друг случај на повреден лебед кое друштвото „Анималиа“ од Охрид се обиде да го залови за да му помогне, им беше кажано дека можат да бидат казнети затоа што се работи за заштитен вид. И во овој случај се среќаваме со опасноста лебедот дополнително да го истрауматизираме доколку се потрудиме да го заловиме и да му ја отстраниме јадицата. Крајно време е институциите во нашата држава да преземат мерки за овој редок вид кој го краси нашето езеро и со еден сеопфатен и стручен пристап да обезбедат негова заштита. Во спротивно, можеме да го очекуваме најлошото и оваа прекрасна птица да остане само спомен со кој сме се гордееле некогаш – велат од Здружението „Анимал Ворлд“ од Струга.

Би можело да ве интересира

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината