ФОТО: Куратица во снег, ги очекува скијачите

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]Во Охридското планинско село Куратица изминативе неколку дена наврнаа повеќе од 20 сантиметри нов снег.

За љубителите на скијањето Куратица е одлична можност да дојдат на рекреативната патека и да поминат незаборавни моменти.

skipateka 2

Локалните жители и месната заедница од селото неколку години наназад интензивно го развоваат руралниот туризам, а се бара начин и за промоцијта на селото како добра дестинација за зимски туризам.

ratraka

Минатата година беше набавена машината ратрак за подготовка на снегот, додека во процедура за набавка е и ски лифт кој би бил поставен долж патеката за скијање во должина од 1000 метри.

Две години по ред се одржува и викенд ноќно скијање, каде љубителите на скијањето од Охрид и околината како и пошироко во голем број доаѓаат во Куратица.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид