(ФОТО) Куманово: Стотина станари десет дена без струја

Од:

Станарите од зградата 29 на улицата „Боро Прцан“, во Куманово веќе десет дена се без електрична енергија, бидејќи целосно изгореа струјомерите во објектот. Велат дека никој не е заинтересиран за нивниот проблем и покрај тоа што не се работи за нивна вина.

-На 4-ти септември, околу 6:20 часот во зградата се слушна силно пукање, сијалиците и струјометрите пукаа како бомби. Чад се ширеше од сите страни. Се беше црно од влезот на зградата, до кровот-изјави жителката на зградата, Мирјана Стојчева.

kum poz (1)

Таа додаде дека со соседите се обратиле до надлжените, но од таму ги упатиле во ЕВН, од каде што им било речено сами да ја санираат штетата и дека тие тогаш ќе дојдат и ќе им пуштат струја.

-ЕВН извади два главни осигурувачи, па можеби тоа е причината, за пожарот. Тие немаат право да ги извадат осигурачите, без да ја измерат волтажата, за тоа бил потребен запис, но не го направиле. Ние собравме пари за приватен вештак, но најголем проблем е тоа што ниту ЕВН, ниту МВР не ни даваат извештај-нагласи Стојчева.

Зградата 29, на улицата Боро Прцан брои 28 стана, во кои живеат стари, болни лица, како и мали деца. Велат дека овие денови едвај преживуваат без струја, бидејќи немаат ниту на што да си зготват јадење.

-Никој не се огласи, никој не сака да ни помогне. Повеќето станари се социјални работници и немаат средства од каде да најдат да пари за нови струјомери-додаваат жителите и нагласија дека на ЕВН и било потребно дури еден час да дојде и да ги исклучи главните осигурувачи, за да можат пожарникарите да реагираат.

kum poz (3)

-Јас сум пензионер кога ќе земам пензија, првин плаќам сметки, а потоа се останато. И јас која сум толку редовен плаќач, седам неколку дена без струја. Многу е страшно и тешко-вели 63-годишната пензионерка Лепа Крстевска.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто