(ФОТО) Кражба во Аеродром – им ги украле влезните врати на станарите од неколку згради

Од:

Полициските билтени се преполни со кражби, но последната што се случи во населбата Аеродром во Скопје е како од рубриката верувале или не.

Двајца крадци им ги украле влезните врати на станарите од неколку згради во населбата Аеродром.

Дека вратите недостигаат пред станарите воопшто и да забележат, откриле полициски службеници, кои вчера попладнето, околу 18.30 часот, на паркинг-простор пред трговски центар на подрачјето на Аеродром ги виделе крадците со вратите и ги уапсиле на самото место.

Во полицискиот билтен стои дека полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Г. Г. (43) и М. М. (40), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 15 до 18 часот одзеле три влезни врати од две згради на булеварот АСНОМ.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Според информациите на „А1он“, ова не е прв обид да се крадат вратите од влезовите. Крадците имале обид и за време на новогодишните празници, но биле начекани од станарите и спречени по што избегале. Втор пат на Водици повторно имале обид, но исто така неуспешен.

По сè изгледа, третиот пат имале среќа, само за да ги украдат, но не и да не бидат фатени со огромните врати до нив среде паркот во Аеродром.

Би можело да ве интересира

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Уапсен е возач кој управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

А1он

Левица: Тошковски продолжува со алармантни тендери-милиони ќе се слеат во блокирани и фантом фирми

Предраг Петровиќ

МВР: Уапсени се четворица осомничени криминалци во акцијата „Букнер“

А1он