ФОТО: Кемал Ататурк ги зовре страстите во Охрид

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]Сликата на Кемал Ататурк која беше поставена во една од училниците на Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Охрид, деновиве ги разгоре страстите помеѓу наставничкиот кадар, иако директорот на училиштето Муарем Доко тврди дека немало никаков инцидент и дека од сламка не треба да се прави ортома. Тој вели дека од овој случај некој сака политички да профитира и да собере поени на сметка на добриот соживот во училиштето.

Немало никаков инцидет, туку се користат приликите поради изборите, некој да добие поени во училиштето и надвор од него. Како наставничката ја поставила сликата на видно место на самиот ѕид, јас не знам. Јас и реков да ја постави во катчето по историја, а не на видно место. Таа мене не ми кажа за тоа, ниту пак на колешаката по македонски јазик и тоа го направила самоволно. По правилата на Министерството за Образование и наука, сликите можат да се користат само како нагледно средство во текот на часот, а после тоа да се отстранат. Ние на наставниците од турски наставен јазик им кажавме какви се правилат“, рече Доко.

Доко вели дека оној кој ги дал информациите на новинарите за оваа случка имал за цел да го расипе добриот имиџ кој училиштето го имал и го градел со години. Професорката по мекедонски јазик реагирала на поставувањето на сликата на Кемал Ататурк од страна на својата колешка од турска националност. Таа рече дека не можела да држи настава со сликата на Ататурк над неа и затоа им рекла на децата да ги свртат столчињата.

Инцидентот се случи пред неколку дена. Јас кога влегов на час веднаш забележав рекација од учениците. Тие ми посочија дека на таблата има слики. Кога ги видов сликите со сиот почит и респект кон делото на Кемал Ататурк, им кажав на децата дека местоположбата на која беа поставени сликите не им е таму. Јас држам час по македонски јазик. Како ќе беше да држам настава на македонски јазик, а над мене да ја имам сликата на Ататурк. Да, јас бев таа која им посочив на децата да ги сменат столчињата на другата страна и не бегам од тоа. Од мои морални причини јас тоа не можам да го дозволам, вели професорката по македонски јазик, Билјана Тодороска.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион