ФОТО: Индустриската зона „Север“ се подготвува за гасификација

Од:

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица. Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“ деновиве интензивно работи на подготовките за гасифицирање на индустриската зона „Север“.

Во моментов се копаат ровови и се ставаат гасоводни цевки. Со овие градежни зафати стартува третата планирана фаза од гасификацијата на општина Струмица. Во 2012/2013 година се гасифицираа институциите под надлежност на општината, во 2013/2014 година на гасоводната мрежа беа приклучени првите домаќинства, кои влегоа во историјата како први корисници на гас во Република Македонија и сега стартува гасификацијата на индустриските објекти.

Досегашното искуство од користењето на природниот гас во општинските институции и домаќинствата ги потврди очекуваните придобивки од гасификацијата.
Струмица е прва системски гасифицирана општина во Република Македонија која благодетите од природниот гас почна да ги чувствува уште во ноември 2012 година.

DSC_0393

DSC_0389

DSC_0384

DSC_0382

DSC_0374

DSC_0372

DSC_0369

DSC_0367

DSC_0364

DSC_0360

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите