Денеска со почеток во 18 часот, под мотото „Ако не ви е срам, оставете ме сам“ во Прилеп започна спонтан простест против полициксата бруталност и прикривањето на убиството на Мартин Нешковски.
Инцијативата започна со организација преку социјалните мрежи. На протестот се појавија околу 1000 граѓани, кои со извици „убијци“ и „стоп за полициската бруталност“ протстираа пред општинската зграда во Прилеп и пред Полициската станица.
Протестот беше обезбедуван од голем број припадници на полицијата, а помина без никакви инциденти.