ФОТО: Хорор филм во Радовиш, кучињата се ловат со клешти

Од:

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ со информација дека во Радовиш се спроведува чистка на бездомните животни.

„Известени сме од граѓани во Радовиш очевидци на настанот дека се случува хорор – лов на кучиња со алатки како од средниот век, за што ни приложија фотографии.

Почитувани новинари ова што го гледате на овие фотографии, овие клешти не се алат за некакви си работи за градежништво, туку клешти со кои денес кучињата во Радовиш се ловеле. Значи во Радовиш не се заловуваат со јамки или мрежи за заловување, ниту со наменски пушки за седирање на животните за да не бидат изложени на стрес, туку со клешти. Клештите функционираат на база на притисок, приклештување на животното за врат и давење – стискање колку што сметаат дека е потребно за да кучињата не можат да дадат било каков отпор.

klesta-kucinja

Ловењето животни со вакви алатки е дивјачки, насилно, и го крши Законот за заштита и благосостојба на животните за што сторителите ќе добијат тужба.

Ако третманот на бездомните животни во Радовиш го проценуваме по заловувањето (како прв чекор во процедурата), можеме само да претпоставуваме што понатаму ги чека овие животни.

Вакво нешто веројатно не се случува ниту во некои примитивни земји и општества. Бараме итен прекин на ваквите активности во Радовиш, запирање на сите активности додека не се создадат услови за хуман третман на животните и лично обраќање на градоначалникот со кое ќе го осуди насилството врз животните.

Бараме итна интервенција од Агенција за храна и ветеринарство, веднаш да се изврши темелна инспекција на сите сегменти од Програмата за решавање на проблемот со бездомните кучиња во Радовиш; истрага за имплементација на програмата и работењето на ветеринарната станица во Неготино која во овие случувања е вршител на обврската за третман на бездомните кучиња во Радовиш. Кој тамо работи, што се прави, каде се стационирани животните; потоа до сега колку кучиња се заловени, што се случило потоа со нив: колку се стерилизирани, колку се усмртени, зошто и со што се усмртени се само некои од прашањата на кои очекуваме јавно обраќање од институциите.

klesta-kucinja1

Потсетуваме – само пред неколку дена градоначалникот на Радовиш на неговата фејсбук страница најави акција за отстранување на бездомни животни, акција која наиде на силни осуди од граѓаните кои јавно реагираа под објавата . По силните осуди од страна на граѓаните , општина Радовиш ја повлече дадената изјава изјавувајќи притоа дека згрешиле во користењето на терминологијата, за што се извинија.“, се вели во соопштението на „Анима Мунди“.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on