Граѓански парламент Битола: Ако опозицијата ги бојкотира овие избори, избори нема да има

Од:

„Денеска е празник ние повторно сме сите тука собрани. Ветивме ќе се бериме и во празники во делник, и кога ќе врни дожд и кога ќе врни снег. До кога?, Додека оваа влада не падне. До кога?, Додека, владата на ВМРО – ДПМНЕ не обезбеди услови за фер и демократски избори. За локални и за парламентарни. Нашиот сирот градоначалник се надева дека Менде Диневски нема да излези на избори бидејќи само така може да победи. Меѓутоа нека не се лажат, ако опозицијата ги бојкотира овие избори, избори нема да има. Нека не се надеваат дека овој народ ќе го уплашат, ќе се избориме и со студот и со стравот. Битолските пратеници беа истепани и избркани од собранието. Зошто? Затоа што бараа повеќе пари за Битола“, рече Горан Милевски, советник, Сојуз за иднината во продолжение рече:

Гледате што се случува во изминативе 9 дена, тураат темели за Аква парк од неколку милиони евра. Ќе граделе базени кои што правеле бранови, а Битола нема обичен базен.

ЕЛЕМ се фали дека пуштиле парно затоплување во Скопје и ќе било поефтино од парното на топлификација. Во Битола ќе се произведува струја, а скопјани ќе се топлат со ефтино парно. И кој ли уште проект не го слушнавме, да не заборавам стигнаа 80 нови автобуси за Скопје, а Менде Диневски и Весна Бендевска бараа 20 од нив за Битола, немора да се двокатни, обични нека се, нека дојдат во Битола. Меѓутоа тоа не му одговараше на власта и ги избркаја од парламентот. Нека им служи само на чест и на Лилјана Кузмановска и на Михаило Џолонга, кои што ги јадат парите на битолчани. Да дремат во парламентот како мисири, да гледаат како нивните сограѓани се натепани и бркани и да даваат амин на секој предлог на Владата. Јас мислам, а и гледам секој ден сме побројни и побројни. Нека знаат и оние кои седат дома дека иднината се овие, односно Македонија не оди во прав пат. И таа политика ја спорведуваат на централно ниво, земи еден кредит, врати друг, земи поголем кредит, врати го кредитот. Денеска земјоделците си живеат убаво, си земаат субвенции можеби, можеби пензионерите си земаат редовно пензии. Вработените, докторите, професорите можеби редовно земаат плата. Социјалците, можеби некои социјално земаат, но до кога, кога ќе пукне балонот. Нека се свестат сите дека ние не сме Грција, нас нема кој да не спаси, а тие сите си имаат резервни татковини, кој мажот му си е во Лондон, кој жена му во Америка, ќе си заминат сите, од Титаник сите шо беа богати се спасија, обичните граѓани потонаја како што ќе потониме ние сите овде. Ако не излезиме и не го победиме стравот се додека има време, затоа да ги охрабриме сите наши комшии, пријатели, роднини колеги, да излезат да ни се придружат бидејќи не протестираме само за нас. Протестираме за сите, се бориме за правата на сите бидејќи јас ви го кажувам ова како економист, со кредити држава не се води, ова лудило мора да запри. Ако не го заприме сега утре ќе биди веќе касно. Затоа ве повикувам и денес, и сабота во Скопје да одиме масовно и да се избориме за правата на сите.

Би можело да ве интересира

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа