ФОТО: Градоначалникот Заев и општинската администрација даруваа крв

Од:

Градоначалникот Зоран Заев и општинската администрација денеска даруваа крв и ја потврдија својата хуманост и солидарност.

Во службата за трансфузиологија при медицинскиот центар во Струмица се реализираше традиционалната единаесетта по ред крводарителска акција во соработка со општинската организација на Црвениот крст. Градоначалникот Зоран Заев досега 17 пати дарувал крв и апелираше до сите граѓани кои што можат да ја даруваат оваа драгоцена течност.

-Јас сум навистина задоволен заради тоа што општинската администрациија секогаш е агилна, присутна и со чувство за дарување крв. Секоја година околу педесет насто од нашата администрација е вклучена во дарувањето крв, еве и денеска оваа бројка стигна до 40 вработени луѓе во општина Струмица.

Се надевам дека акцијата ќе продолжи во иднина и како вработени во општинската администрација упатуваме јасна порака дека секој кој што може убаво е да дарува крв, затоа што на некој му е многу потребна, рече градоначалникот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите